Вчера на целата територија на државата, полициските службеници лишија од слобода 11 возачи, од кои осум за управување возило без возачка дозвола, двајца за управување на возило и покрај тоа што имале активна забрана и еден за возење под дејство на алкохол. Најмногу возачи се лишени на подрачјето на СВР Охрид - пет, додека на подрачјата на СВР Скопје, СВР Тетово и СВР Битола се лишени по двајца возачи. Од лишените на подрачјето на СВР Охрид, тројца во Кичево биле без возачка дозвола, а еден во Кичево со активна забрана. Лишениот возач во Струга управувал возило под дејство на алкохол и со неговото возило „фолксваген голф“ предизвикал сообраќајна незгода со возило „фиат“. Двајцата лишени во Скопје и на двајцата на подрачје на СВР Тетово управувале возило без возачка дозвола, како и еден од лишените возачи на подрачје на СВР Битола. Додека, вториот лишен на ова подрачје управувал возило и покрај тоа што имал активна забрана. По целосно документирање на случаите ќе бидат поднесени соодветни кривични пријави.
Апелираме до сите учесници во сообраќајот да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи, да не управуваат возило без положен возачки испит или доколку имаат изречена мерка за забрана за управување или доколку се под дејство на алкохол и сите заеднички да придонесеме за побезбеден сообраќај.