Со еден клик до сите услуги

https://uslugi.gov.mk/

Одржана обука за „Борба против корупцијата“ во рамки на ИПА проектот EU4FAST

Одржана обука за „Борба против корупцијата“ во рамки на ИПА проектот EU4FAST

На иницијатива на Одделот за внатрешна контрола, криминалистички истраги и професионални стандарди, во рамки на Регионалниот ИПА проект „Поддршка на ЕУ за зајакнување на борбата против криумчарењето на мигранти и трговија со луѓе во Западен Балкан (EU4FAST)“, на 25 и 26.06.2026 година се одржа обука на тема „Борба против корупцијата“.

Во просториите на Одделот, експерти од Германската федерална полициска академија споделија практични искуства и најдобри практики поврзани со имплементацијата на системи за внатрешна контрола и унапредување на професионалните стандарди во полициското работење.

Преку повеќе тематски сесии, учесниците добија сеопфатен преглед на клучните предизвици поврзани со спречувањето на корупцијата во полициските редови, ризиците со кои се соочуваат полициските службеници, како и актуелниот развој на европската законска регулатива, вклучително и Директивата на Европската Унија за борба против корупцијата.

Посебен акцент беше ставен на антикорупциските мерки што се применуваат во рамки на Германската федерална полиција, како пример за добра пракса.

Заклучокот од обуката ја потврди важноста на континуираниот професионален развој, зајакнувањето на меѓуинституционалната соработка и унапредувањето на меѓународната размена на искуства и практики како клучни елементи во ефикасната борба против корупцијата.

Мени за пристапност