Со еден клик до сите услуги

https://uslugi.gov.mk/

Одбележан Денот на народното востание – 11 Октомври, директорот на БЈБ Јанев со порака за чесна, одговорна и професионална полиција

Одбележан Денот на народното востание – 11 Октомври, директорот на БЈБ Јанев со порака за чесна, одговорна и професионална полиција

Достоинствено и државнички денеска беше одбележан Денот на народното востание – 11 Октомври, со свечена академија во Националната установа Центар за култура „Марко Цепенков“ во Прилеп.

По повод овој значаен историски датум, директорот на Бирото за јавна безбедност при Министерството за внатрешни работи, Александар Јанев, истакна дека 11 Октомври не потсетува на гордоста, храброста и непокорот на генерациите кои ја поставија темелната линија на државноста и слободата на Македонија.

„Тоа наследство е наша обврска и завет да работиме чесно, посветено и државнички, со една мисија – да ја обезбедиме иднината на Македонија и достоинството на нејзините граѓани,“ порача директорот Јанев.

Во рамки на престојот во Прилеп, директорот Јанев, заедно со директорот на Агенцијата за национална безбедност, Бојан Христовски, оствари работен состанок во Полициската станица Прилеп со регионалното и локалното раководство на БЈБ и АНБ.

На состанокот беше истакната потребата од синхронизирано и мултиагенциско делување на терен, со интензивна размена на информации и целосен фокус на обезбедување на безбедноста на граѓаните на Прилеп и регионот.

„Нема да дозволиме насилството, уцените, дрогата и било која друга форма на криминал да бидат секојдневие во овој или било кој регион. Локални шерифи, злоупотреби на службени овластувања и прекршување на законот нема и не смее да има,“ подвлече Јанев, нагласувајќи дека полицијата мора да биде гарант на безбедноста и довербата на граѓаните.

Директорот посочи дека е неопходно континуирано зајакнување на интегритетот и професионалноста на полициските службеници:

„Мораме да се чистиме и одвнатре, затоа што само така – чесно, одлучно и со интегритет – ќе ја зацврстиме довербата и партнерството со граѓаните. Во овој предизборен период, секој полициски службеник мора да знае дека неговата должност е исклучиво кон граѓаните и Законот,“ истакна тој.

 

Мени за пристапност