Со еден клик до сите услуги

https://uslugi.gov.mk/

Од хаос и долги чекања, до стабилен и ефикасен систем за лични документи

Од хаос и долги чекања, до стабилен и ефикасен систем за лични документи

За две години воспоставивме редовно закажување термини и навремено издавање на пасоши, лични карти и возачки дозволи.

Истовремено инвестиравме во подобри услови за граѓаните – го реконструиравме Одделението за управни работи во зградата на МРТВ во Скопје и отворивме нови канцеларии за управни служби низ државата, со што ги доближивме услугите до околу 200.000 граѓани.

Продолживме и со дигитализацијата. Денес, преку Националниот портал за е-услуги uslugi.gov.mk, граѓаните можат електронски да добијат повеќе уверенија и потврди, без непотребно чекање на шалтери.

Нашата цел е институциите да работат побрзо, поефикасно и во служба на граѓаните. Продолжуваме со модернизација и дигитализација, затоа што квалитетната услуга е најдобар показател за функционална институција.

Мени за пристапност