Со еден клик до сите услуги

https://uslugi.gov.mk/

Од стари и дотраени објекти, до современи полициски станици и подобри услови за работа

Од стари и дотраени објекти, до современи полициски станици и подобри услови за работа

ога ја презедовме одговорноста, затекнавме полициски станици и службени објекти кои со децении не биле реконструирани. Денес, чекор по чекор, го менуваме тоа и создаваме современи услови за работа на македонската полиција.

По повеќе од 30 години работа во несоодветен објект, ја пуштивме во употреба новата Полициска станица Бутел. Во завршна фаза е и изградбата на новата Полициска станица Аеродром, а паралелно се реконструира и објектот „11 Октомври“, кој ќе биде новото седиште на СВР Скопје. Започнавме и со подготовка на документацијата за нов објект на Полициската станица Кисела Вода.

Истовремено, инвестираме и во реконструкција на полициски центри и службени објекти низ државата, ги подобруваме условите за работа на полициските службеници и ги зајакнуваме капацитетите на Министерството.

Затоа што современата полиција не се гради само со нова опрема, туку и со современа инфраструктура, достоинствени услови за работа и институции кои се подготвени да одговорат на потребите на граѓаните.

Продолжуваме да инвестираме во полицијата, затоа што подобри услови за работа значат поголема безбедност и поквалитетна услуга за секој граѓанин.

Мени за пристапност