Министерството за внатрешни работи, согласно своите надлежности и во насока на обезбедување транспарентност и информирање на јавноста, ги објавува Ставовите усвоени од Комитетот за човекови права на Обединетите нации во врска со комуникациите бр. 3613/2019 и бр. 3616/2019, поднесени од Сенија Ќазимова и Алајдин Абдуловски, како и Информацијата доставена од Владата на Република Северна Македонија во врска со преземените активности по усвоените ставови на Комитетот.
Документите се објавуваат согласно обврските кои произлегуваат од постапувањето по ставовите на Комитетот за човекови права и се достапни во прилог на ова известување.