Со еден клик до сите услуги

https://uslugi.gov.mk/

На Табановце лишени од слобода двајца странски државјани, кај нив биле пронајдени бела прашкаста материја и таблети

На Табановце лишени од слобода двајца странски државјани, кај нив биле пронајдени бела прашкаста материја и таблети


На 25.08.2025 околу 19:00 часот на Граничен премин Табановце, на влез во државата, полициски службеници ги лишиле од слобода О.Ј.(32) од Унгарија и А.Б.(37) од Србија. При гранична проверка и контрола во возилото „тојота“ со унгарска национална ознака, кое го управувал О.Ј, а сопатници биле А.Б. и уште едно лице од Унгарија, во личниот багаж на О.Ј. биле пронајдени и одземени неколку пакувања со бела прашкаста материја, едно шише со бела прашкаста материја и една кутија со 31 капсули.

Додека, во  личниот багаж на сопатникот А.Б. биле пронајдени неколку пакувања со бела прашкаста материја и таблети. 
Тие биле задржани во полициска станица и по целосно документирање на случајот, против нив ќе бидат поднесени сооддветни пријави.

Мени за пристапност