На 23.08.2025 во 19:15 часот на Граничен премин Табановце, на влез во државата, полициски службеници го лишиле од слобода А.Л.Р.(21) од Република Австрија. При гранични проверки и контрола во неговиот личен багаж била пронајдена и одземена марихуана.
Тој бил задржан во полициска станица и по целосно доументирање на случајот, против него ќе биде поднесена соодветна пријава.