Со еден клик до сите услуги

https://uslugi.gov.mk/

МВР со претставник на есенската средба на ROADPOL во Холандија

МВР со претставник на есенската средба на ROADPOL во Холандија

Претставник на Министерството за внатрешни работи, од Секторот за сообраќајни работи, учествува на есенската средба на ROADPOL, која се одржува во Холандија, заедно со претставници на сообраќајните полициски служби од повеќе европски земји.

На средбата се разменуваат искуства и најдобри практики во областа на сообраќајната полиција, со фокус на унапредувањето на безбедноста во сообраќајот и зајакнувањето на меѓународната полициска соработка.
Во рамки на средбата е донесен Генерален план за европски акциски контроли во сообраќајот за 2027 година, во чии рамки ќе учествува и сообраќајната полиција од Македонија.

Планот предвидува координирани активности и заеднички акциски контроли во сите земји членки, со цел унапредување на сообраќајната безбедност и намалување на бројот на сообраќајни прекршоци и последици од сообраќајни незгоди, со акцент за намалување на бројот на загинати лица.

Учеството на претставник од Секторот за сообраќајни работи на МВР на оваа средба претставува можност за директна размена на искуства со европските полициски служби и активно учество во креирањето и спроведувањето на заедничките европски активности за поголема безбедност на патиштата.

Домаќини на есенската средба се Полицијата на Холандија, Полициската единица Источен Брабант и Полициската станица Ден Бош.

Мени за пристапност