На 13.06.2026 во 14:00 часот, полициски службеници од СВР Скопје ги лишија од слобода Р.Б.(45), М.Б.(36) и Б.Б.(34), тројцата од с.Грчец, општина Сарај. Имено, на 12.06.2026 во 21:30 часот во СВР Скопје, Д.Е.(36) од с.Семениште, скопско, пријави дека околу 14:00 часот на подрачјето на Карпош, тројцата со патнички возила „хјунади“, „фолксваген тигуан“ и „фолксваген пасат“ го пресретнале и запреле неговото патничко возило „мерцедес“, по што Р.Б. физички го нападнал и му нанел тешки телесни повреди. Според пријавеното, после тоа го ставиле во едно од возилата и го однеле најпрво на автоплац во Карпош, а потоа го оставиле во село Шишево, скопско.
По преземени мерки тие се пронајдени и приведени во полициска станица, а по целосно документирање на случајот против нив ќе биде поднесена соодветна пријава.