Со еден клик до сите услуги

https://uslugi.gov.mk/

МВР домаќин на делегација од Република Молдавија за размена на искуства во полицискиот интегритет

МВР домаќин на делегација од Република Молдавија за размена на искуства во полицискиот интегритет

Во рамки на унапредувањето на билатералната соработка и споделените заложби за европска интеграција, Министерството за внатрешни работи беше домаќин на делегација од Република Молдавија, примена од Помошник на министерот на ОВККИПС, Ивица Станковски.

Целта на посетата беше размена на искуства и запознавање на молдавската делегација со домашните практики во процесот на градење на полицискиот интегритет, со посебен осврт на Планот за интегритет како позитивен пример усогласен со европските стандарди и препораки.

Посетата претставуваше можност за дискусија за реформските процеси во министерството за внатрешни работи во контекст на европскиот пат, како и за примена на добри европски практики во јакнење на транспарентноста, отчетноста и професионализмот на полицијата.

Во рамки на агендата, делегацијата оствари состанок и работна посета на Центарот за обука, каде што се запозна со процесите и методологиите за стручно усовршување, како важен сегмент во одржливото градење на полициски интегритет.

Мени за пристапност