Министерството за внатрешни работи апелира до сите учесници во сообраќајот во услови на намалена видливост да бидат крајно внимателни при управување на возило. Воедно, апелираме до граѓаните во овој период на предновогодишни забави и семејни веселби, да не седнуваат зад воланот доколку претходно конзумирале алкохол.
На територија на СВР Скопје во периодот од 15-20.12.2025 констатирани се 53 сообраќајни незгоди. Сообраќајните контроли продолжуваат со засилен интензитет. Апелираме и до учесниците во патниот сообраќај да бидат внимателни и во целост да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи, задолжително да поседуваат зимска опрема и да не седнуваат зад воланот под дејство на алкохол. Апелираме до граѓаните да ги почитуваат законските прописи и да соработуваат со полицијата. Сите нарушувања на јавниот ред и мир да ги пријават во полициска станица или преку телефонските броеви 192 или 112.
Aктивностите на Министерството за внатрешни работи во борбата против пиротехниката се континуирани, со засилена динамика пред и околу празниците, имајќи го предвид сезонскиот предзнак на пиротехниката, сѐ со цел да ја зголемиме свесноста кај младите, но и кај нивните родители, укажувајќи дека петардите не се играчки, туку опасни средства кои можат да нанесат ненадоместливи и трајни последици по здравјето на младите.