На 15.10.2026 во 23:45 часот во Кавадарци, полициски службеници од мобилниот тим „Task force“ при ОВР Кавадарци го лишија од слобода С.Ј.(20) од Кавадарци, затоа што при преглед кај него била пронајдена и одземена марихуана.
Тој бил приведен во полициска станица, известен бил јавен обвинител и по документирање на настанот против него ќе биде поднесена соодветна пријава.