Со еден клик до сите услуги

https://uslugi.gov.mk/

Министерот за внатрешни работи Панче Тошковски на академски час и почетокот на новата академска година на Факултетот за безбедност – Скопје

Министерот за внатрешни работи Панче Тошковски на академски час и почетокот на новата академска година на Факултетот за безбедност – Скопје

Министерот за внатрешни работи, Панче Тошковски, денес присуствуваше на традиционалниот прв академски час по повод почетокот на новата академска година на Факултетот за безбедност – Скопје.

Во своето обраќање пред студентите, министерот Тошковски истакна дека изборот на овој факултет е избор на професија со особена важност за државата, која бара знаење, посветеност и храброст за прифаќање на предизвиците.

„Сигурен сум дека со труд и посветеност ќе ги стекнете потребните вештини и компетенции кои ќе претставуваат додадена вредност во рамките на вашата идна професија. На вас, младите луѓе, ви ја доверуваме иднината – бидејќи само со вашата енергија, знаење и визија Македонија може да продолжи да расте и да живее,“ нагласи министерот.

Тој информираше дека согласно новите одредби од Законот за внатрешни работи, за прв пат во историјата на Македонија, Министерството за внатрешни работи ќе може да склучува договори за соработка со високообразовните институции.

„Со особена гордост можам да најавам дека Факултетот за безбедност ќе биде првиот факултет со кој по стапување на сила на новиот закон ќе склучиме договор за директно ангажирање на најдобрите студенти во рамки на Министерството за внатрешни работи,“ изјави министерот Тошковски.

Факултетот за безбедност при Универзитетот „Св. Климент Охридски“ има значајна улога во работењето на Министерството, имајќи предвид дека голем број од вработените во МВР го имаат стекнато своето образование токму на овој факултет.

Министерот им порача на студентите дека Министерството со нетрпение ги очекува најдобрите меѓу нив како идни колеги и професионалци кои ќе придонесат кон унапредување на безбедноста и стабилноста на државата.

Мени за пристапност