Со еден клик до сите услуги

https://uslugi.gov.mk/

Маж од Кичево возел иако имал забрана за управување возило и удрил во малолетник, лишен е од слобода, возилото е одземено

Маж од Кичево возел иако имал забрана за управување возило и удрил во малолетник, лишен е од слобода, возилото е одземено

На 04.04.2026 во 20:40 часот на бул. „Ослободување“ во Кичево, полициски службеници од ОВР Кичево го лишија од слобода А.Б. од Кичево, затоа што со патничко возило „опел вектра“ со кичевски регистарски ознаки удрил во десетгодишник од Кичево. По преземени мерки, утврдено е и дека А.Б. го управувал возилото иако има активна заштитна мерка забрана за управување со моторно возило од Б- категорија.

По насоки на јавен обвинител, возилото му е одземено и по документирање на случајот, ќе му биде поднесена соодветна кривична пријава.

Мени за пристапност