На 19.08.2025 околу 21:30 часот во с.Требовље, општина Македонски Брод, полициски службеници од ОВР Македонски Брод го лишиле од словода Н.К.(43) од с.Долно Седларце, општина Брвеница. постапувајќи по претходна пријава дека од неговата куќа во с.Требовље се слушале истрели од огнено оружје, полициски службеници со судска наредба извршиле претрс во домот, при што пронашле и одзеле две ловечки пушки и муниција за ловечки карабин.
Лицето било задржано во полициска станица и по целосно документирање на случајот против него ќе бидат поднесени пријави по член 288 и член 396 од Кривичниот законик.