Со еден клик до сите услуги

https://uslugi.gov.mk/

Лишено од слобода лице од тетовско, се сомничи дека подметнал пожар на нива, следува пријава

Лишено од слобода лице од тетовско, се сомничи дека подметнал пожар на нива, следува пријава

На 25.06.2026 во 12:00 часот во Полициското одделение Теарце било пријавено дека настанал пожар на нива на регионалниот пат Тетово–Јажинце, во атарот на село Теарце, при што била опожарена сува трева. Пожарот бил целосно локализиран од екипа на Територијалната противпожарна единица Тетово. По преземени мерки од полициски службеници било констатирано дека пожарот го предизвикал Г.Ц.(55) од с.Теарце. Тој е лишен од слобода поради сомневање за сторено кривично дело „предизвикување општа опасност“. Задржан е во полициска станица и по документирање на случајот против него ќе следува соодветна пријава.

Мени за пристапност