Со еден клик до сите услуги

https://uslugi.gov.mk/

Лишено е лицето од Куманово кое подолго време следеше и вознемируваше девојка од Куманово, следува пријава

Лишено е лицето од Куманово кое подолго време следеше и вознемируваше девојка од Куманово, следува пријава

На 01.10.2025 во 12:00 часот, полициски службеници од СВР Куманово го лишија од слобода Б.К.(32) од Куманово. Тој бил баран по потерница врз основа на судска наредба поради постоење сомнение за сторено кривично дело „демнење“ по член 144-а од Кривичниот законик, односно дека подолго време следел и вознемирувал 28-годишна девојка од Куманово.

На 09.04.2025 во СВР Куманово, девојката го пријави случајот, по што од страна на судија од Основен суд Куманово беше изречена мерка претпазливост за недоближување. Додека, по преземени мерки, вчера тој е пронајден и лишен од слобода и во службен разговор го признал делото. По целосно документирање на случајот, против него ќе биде поднесена соодветна пријава.

Мени за пристапност