Со еден клик до сите услуги

https://uslugi.gov.mk/

Лишени од слобода возачи во Радовиш, Гевгелија, Куманово, Битола и Прилеп затоа што управувале возила под дејство на алкохол, возачот во Радовиш предизвикал и сообраќајна несреќа

Лишени од слобода возачи во Радовиш, Гевгелија, Куманово, Битола и Прилеп затоа што управувале возила под дејство на алкохол, возачот во Радовиш предизвикал и сообраќајна несреќа


На 13.12.2025 година во 02:25 часот,  полициски службеници од СВР Струмица на ул. „8 Септември“ во Радовиш  го лишија од слобода В.К.(60) од Радовиш. При преземање мерки по претходно случена сообраќајна несреќа, во која учествувал В.К. со патничко возило „џип“ со радовишки регистарски ознаки, било констатирано дека В.К. е под дејство на алкохол, односно му биле измерени 1.63 промили алкохол во крвта. 

На 13.12.2025 во 02:11 часот, полициски службеници од СВР Струмица на ул. “7ми Ноември” во Гевгелија го лишија од слобода Г.Р.(45) од Гевгелија. При контрола на патниот сообраќај, полициски службеници сопреле патничко возило „пежо“ со гевгелиски регистарски ознаки, кое го управувал Г.Р. и по преземени мерки било констатирано дека е под дејство на алкохол, односно му биле измерени 2.35 промили алкохол во крвта. 

На 13.12.2025 во 01:10 часот, полициски службеници од СВР Куманово на ул. "Прва Петолетка" во Куманово го лишија од слобода Л.П.(22) од Куманово. При контрола на патниот сообраќај, полициските службеници сопреле патничко возило „мерцедес“ со кумановски регистарски ознаки, кое го управувал Л.П., и по преземени мерки било констатирано дека е под дејство на алкохол, односно му биле измерени 1,91 промили алкохол во крвта. 

На 13.12.2025 во 01.00 часот, полициски службеници од СВР Куманово на  ул. " Перо Чичо" во Куманово, го  лишија од слобода Р.З.(58) од Куманово. При контрола на патниот сообраќај, полициските службеници сопреле патничко возило „поло“ со кумановски регистарски ознаки, кое го управувал Р.З., и по преземени мерки било констатирано дека е под дејство на алкохол, односно му биле измерени 1.50 промили алкохол во крвта. 

На 13.12.2025 во 03:48 часот, полициски службеници од СВР Битола на ул. „4-ти Ноември" во Битола, го лишија од слобода Б.Ш.(22) од Битола. При контрола на патниот сообраќај, полициските службеници сопреле патничко возило „ауди" со битолски регистарски ознаки,  кое го управувал Б.Ш., и по преземени мерки било констатирано дека е под дејство на алкохол, односно му биле  измерени 1.66 промили алкохол во крвта.   

На 12.12.2025 во 23:00 часот полициски службеници од СВР Битола на ул. „Орде Чопела" во Прилеп, го лишија од слобода  Х. Г.(31) од Прилеп. При контрола на патниот сообраќај, полициските службеници сопреле патничко возило „опел" со прилепски регистарски ознаки, кое го управувал Х.Г., и при преземени мерки било констатирано дека е под дејство на алкохол, односно му биле измерени 1,78 промили.

По целосно документирање на настаните, ќе бидат поднесени пријави по член 297-а од Кривичниот законик - „безобѕирно управување со моторно возило“.

Мени за пристапност