Со еден клик до сите услуги

https://uslugi.gov.mk/

Лишени од слобода возачи во Македонска Каменица, Берово, Битола и Струмица затоа што управувале возила под дејство на алкохол, возачите од Македонска Каменица и Берово предизвикале и сообраќајни несреќи 

Лишени од слобода возачи во Македонска Каменица, Берово, Битола и Струмица затоа што управувале возила под дејство на алкохол, возачите од Македонска Каменица и Берово предизвикале и сообраќајни несреќи 

На 21.12.2025 во 01:20 часот, полициски службеници од СВР Штип на ул. “Осоговска” во Македонска Каменица го лишија од слобода С.Л.(29) од Македонска Каменица. При преземање мерки по претходно случена сообраќајна несреќа, во која учествувал С.Л. со патничко возило “ауди” со регистарски ознаки од Македонска Каменица, било констатирано дека С.Л. е под дејство на алкохол, односно му биле измерени 2,64 промили алкохол во крвта. 

На 21.12.2025 во 03:05 часот, полициски службеници од СВР Штип на регионалниот пат Берово - Струмица го лишија од слобода Ѓ.С.(43) од село Русиново, беровско. При преземање мерки по претходно случена сообраќајна несреќа, во која учествувал Ѓ.С. со патничко возило “пежо” со беровски регистарски ознаки, било констатирано дека Ѓ.С. е под дејство на алкохол, односно му биле измерени 2,13 промили алкохол во крвта. 

На 20.12.2025 во 22:54 часот, полициски службеници од СВР Битола на бул. „1-ви Мај“ во Битола, го лишија од слобода  А.Р.(62) од Битола. При  контрола на патниот сообраќај, полициските службеници сопреле патничко возило „даеву " со битолски регистарски ознаки, кое го управувал А.Р. и по преземени мерки било констатирано дека е под дејство на алкохол, односно му биле измерени 1,75 промили алкохол во крвта. 

На 21.12.2025 во 03:55 часот, полициски службеници од СВР Струмица на регионален пат Валандово - Дојран, не место викано „Дојранска раскрсница“, го лишија од слобода А.Т.(46) од село Смолари, струмичко. При контрола на патниот сообраќај, полициските службеници сопреле патничко возило „ауди“ со струмички регистарски ознаки, кое го управувал А.Т. и по преземени мерки било констатирано дека е под дејство на алкохол, односно му биле измерени 2,06 промили алкохол во крвта. 

По целосно документирање на настаните, ќе бидат поднесени пријави по член 297-а од Кривичниот законик - „безобѕирно управување со моторно возило“.

Мени за пристапност