Со еден клик до сите услуги

https://uslugi.gov.mk/

Лишени од слобода возачи во Куманово и пробиштипско, управувале возила под дејство на алкохол и со брзина поголема од дозволената

Лишени од слобода возачи во Куманово и пробиштипско, управувале возила под дејство на алкохол и со брзина поголема од дозволената

Денеска (11.10.2025) во 02:10 часот на улица „Ленинова" во Куманово, полициски службеници од Полициската станица за безбедност на патниот сообраќај при СВР Куманово го лишија од слобода С.С.(27) од с.Биљановце, кумановско. При контрола на патниот сообраќај, полициските службеници сопреле патничко возило „фолксваген голф", кое тој го управувал и по преземени мерки е констатирано дека е под дејство на алкохол, односно дека има 2,14 промили алкохол во крвта, по што веднаш е исклучен од сообраќајот и задржан во Полициска станица. 

На 09.10.2025 во 23:52 часот во с.Пишица, пробиштипско, полициски службеници од Полициската станица Пробиштип го лишија од слобода Д.К.(32) од с.Ранковце, кривопаланечко. При контрола со радар во патниот сообраќај, полициските службеници констатирале дека тој управувал патничко возило „ауди“ со кривопаланечки регистарски ознаки со брзина од 100 километри на час на место каде брзината на движењето е ограничена на 40 километри на час. 
По целосно документирање на настаните, против нив ќе бидат поднесени пријави по член 297-а од Кривичниот законик - „безобѕирно управување со моторно возило“.

Мени за пристапност