Со еден клик до сите услуги

https://uslugi.gov.mk/

Лишени од слобода возачи во Куманово и Прилеп затоа што управувале возила под дејство на алкохол, возачот во Куманово предизвикал и сообраќајна незгода

Лишени од слобода возачи во Куманово и Прилеп затоа што управувале возила под дејство на алкохол, возачот во Куманово предизвикал и сообраќајна незгода

На 24.12.2025 во 15:45 часот во Куманово, полициски службеници од СВР Куманово  го лишија од слобода Д.М.(37) од с.Клечовце, кумановско. Претходно, тој на ул.„Доне Божинов“ во Куманово, со патничко возило „пежо“ со кумановски регистарски ознаки, кое го управувал, удрил во товарно возило „фиат“ со скопски регистарски ознаки, управувано од Д.Д.(33) од Скопје, со живеалиште во с.Љубодраг, кумановско. По преземени мерки е констатирано дека Д.М. е под дејство на алкохол, односно измерени му се 2,08 промили алкохол во крвта.
На 24.12.2025 во 13:50 часот во Прилеп, полициски службеници од ОВР Прилеп го лишија од слобода Т.Д.(39) од Прилеп. При сообраќајна контрола на ул.„Александар Македонски“ во Прилеп е сопрено патничко возило „фолксваген голф“ со прилепски регистарски ознаки, кое го управувал и по преземени мерки е констатирано дека е под дејство на алкохол, односно измерени му се 1,58 промили алкохол во крвта.
На 25.12.2025  во 01:40 часот во Прилеп, полициски службеници од ОВР Прилеп го лишија од слобода Р.П.(40) од с. Веселчани, прилепско. При сообраќајна  контрола на ул.„Пере Тошев“ во Прилеп е сопрено патничко возило „опел“ со прилепски регистарски ознаки, кое го управувал и по преземени мерки е констатирано дека е под дејство на алкохол, односно измерени му се 1,53 промили алкохол во крвта.
По целосно документирање на случаите против нив ќе биде поднесена пријава по член 297-а од Кривичниот законик - „безобѕирно управување со моторно возило“.

Мени за пристапност