На 05.12.2025 во 22:44 часот на ул.„8 Септември“ во Битола, полициски службеници од СВР Битола го лишија од слобода Л.Ѓ.(47) од Битола, затоа што управувал патничко возило „опел" со битолски регистарски ознаки, во спротивна насока. Потоа било констатирано и дека тој е под дејство на алкохол, односно измерени му биле 0.59 промили алкохол во крвта.
На 06.12.2025 во 01:15 часот, на улица „Гоце Делчев“ во Велес, полициски службеници од СВР Велес го лишија од слобода К.С.(54) од Велес. При контрола на патниот сообраќај, полициските службеници сопреле патничко возило „пежо“ со велешки регистарски ознаки, кое го управувал К.С. и по преземени мерки било констатирано дека е под дејство на алкохол, односно му биле измерени 1,74 промили алкохол во крвта.
На 05.12.2025 во 15:20 часот, на улица „Партизанска“ во Неготино, полициски службеници од ОВР Неготино го лишија од слобода Л.Н.(65) од село Курија, неготинско. При контрола на патниот сообраќај, полициските службеници сопреле патничко возило „фиат“ без регистарски ознаки, кое го управувал Л.Н. и по преземени мерки било констатирано дека е под дејство на алкохол, односно му биле измерени 1,85 промили алкохол во крвта. Исто така, по извршена контрола, било констатирано дека возилото го управувал пред да се стекне со право на управување на моторно возило и дека сообраќајната дозвола била со измината важност повеќе од шест месеци и поради тоа возилото му било одземено.
На 05.12.2025 во 18:00 часот, на магистрален пат во с. Војник, Општина Старо Нагоричане, полициски службеници од СВР Куманово го лишија од слобода Н.К.(33) од Старо Нагоричане. При контрола на патниот сообраќај, полициските службеници сопреле патничко возило „голф“ со кумановски регистарски ознаки, кое го управувал Н.К. и по преземени мерки било констатирано дека е под дејство на алкохол, односно му биле измерени 1,67 промили алкохол во крвта.
На 06.12.2025 во 00:45 часот, на улица „11 Октомври“ во Куманово, полициски службеници од СВР Куманово го лишија од слобода И.Ц.. (49) од Скопје. При преземање мерки по претходно случена сообраќајна несреќа, во која учествувал И.Ц. со патничко возило „цитроен“ со скопски регистарски ознаки, било констатирано дека тој е под дејство на алкохол, односно му биле измерени 2,55 промили алкохол во крвта.
На 05.12.2025 во 21:00 часот, на регионалниот пат Куманово-Свети Николе, полициски службеници од СВР Куманово го лишија од слобода И.Д. (27) од Куманово. При преземање мерки по претходно случена сообраќајна несреќа, во која учествувал И.Д. со патничко возило „туран“ со кумановски регистарски ознаки, било констатирано дека тој е под дејство на алкохол, односно му биле измерени 1,61 промили алкохол во крвта.
По целосно документирање на настаните, ќе бидат поднесени пријави по член 297-а од Кривичниот законик – „безобѕирно управување со моторно возило“.