Со еден клик до сите услуги

https://uslugi.gov.mk/

Лишени од слобода возачи во Битола и Македонски Брод, управувале возила под дејство на алкохол

Лишени од слобода возачи во Битола и Македонски Брод, управувале возила под дејство на алкохол

На 06.07.2025 во 17.39 часот на ул. „Македонски Џемџии“ во Битола, полициски службеници од СВР Битола го лишиле од слобода Х.Р. (32) од Битола. При сообраќајна контрола, полицијата запрела патничко возило „Голф“ со битолски регистарски таблички, управувано од Х.Р., и по преземени мерки било утврдено дека е под дејство на алкохол, при што биле измерени 1,51 промил алкохол во крвта.

 

На 06.07.2025 во 13.01 часот, полициски службеници од ОВР Македонски Брод, во близина на с. Латово, Македонски Брод, го привеле В.Т. (39) од Скопје. При сообраќајна контрола, полицијата запрела патничко возило „Цитроен“ со скопски регистарски таблички, управувано од В.Т., и по преземени мерки било утврдено дека е под дејство на алкохол, при што биле измерени 2,55 промили алкохол во крвта. По документирање на случаите, ќе следуваат поднесоци согласно член 297-а од Кривичниот законик.

Мени за пристапност