Со еден клик до сите услуги

https://uslugi.gov.mk/

Лишени од слобода возачи од Штип и Охрид, затоа што управувале возила под дејство на алкохол, кај штипјанецот пронајдена и марихуана

Лишени од слобода возачи од Штип и Охрид, затоа што управувале возила под дејство на алкохол, кај штипјанецот пронајдена и марихуана

На 16.12.2025 во 01:04 часот во Штип, полициски службеници од СВР Штип  го лишија од слобода Е.А.(40) од Штип. При сообраќајна контрола на ул.„Маршал Тито“ во Штип е сопрено патничко возило „сеат ибица“ со штипски регистарски ознаки, кое тој го управувал, при што е констатирано дека управувал возило под дејство на алкохол, односно измерени му се 2,06 промили алкохол во крвта. Исто така, во возилото е пронајдена и одземена марихуана. 

На 16.12.2025 во 00:33 часот во Охрид, полициски службеници од СВР Охрид ја лишија од слобода А.З.(30) од Охрид. При сообраќајна контрола на ул.„Партизанска“ во Охрид сопрено е патничко возило „рено“ со охридски регистарски ознаки, кое таа го управувала, при што е констатирано дека е под дејство на алкохол, односно измерени и се 2,59 промили алкохол во крвта.

По целосно документирање на случаите ќе бидат поднесени соодветни поднесоци.

Мени за пристапност