Со еден клик до сите услуги

https://uslugi.gov.mk/

Лишени од слобода возачи од Скопје и Куманово затоа што возеле без положен возачки испит, одземени им се возилата

Лишени од слобода возачи од Скопје и Куманово затоа што возеле без положен возачки испит, одземени им се возилата

На 03.02.2026 во 12:40 часот на патот Куманово-с. Липково, полициски службеници од Мобилната единица за безбедност на сообраќајот на патиштата при Секторот за сообраќајни работи го лишија од слобода Ш.А.(31) од Куманово. При сообраќајна контрола, полициските службеници сопреле патничко возило „голф“ со кумановски регистарски ознаки, при што било констатирано дека возилото го управувал без положен возачки испит за управување на возило од Б категорија. Ш.А. е задржан во полициска станица, а возилото е одземено. 

На 03.02.2026 во 13:00 часот на улица "Јустинијан први" во Скопје, полициски службеници од Мобилната единица за безбедност на сообраќајот на патиштата при Секторот за сообраќајни работи, го лишија од слобода И.Џ.(20) од Скопје. При сообраќајна контрола, полициските службеници сопреле патничко возило “опел" со скопски регистарски ознаки, при што било констатирано дека возилото го управувал без положен возачки испит за управување на возило од Б категорија. И.Џ. е задржан во полициска станица, а возилото е одземено. 

По документирање на случаите, ќе бидат поднесени соодветни пријави по член 297-а од КЗ.

Мени за пристапност