Со еден клик до сите услуги

https://uslugi.gov.mk/

Лишени од слобода возачи од Македонски Брод, тетовско и од Турција за „безобѕирно управување со моторно возило" и „тешки дела против безбедноста на луѓето и имотот во сообраќајот“

Лишени од слобода возачи од Македонски Брод, тетовско и од Турција за „безобѕирно управување со моторно возило" и „тешки дела против безбедноста на луѓето и имотот во сообраќајот“

На 01.11.2025 во 00:00 часот на ул,,Маршал  Тито“ во Македонски Брод, полициски службеници од ОВР Македонски Брод го лишија од слобода М.М. од с.Томино село, општина Македонски Брод. При вршење на контрола во сообраќајот, полициските службеници сопреле патничко возило ,, југо“ со охридски регистарски ознаки, управувано од  М.М., при што е утврдено било дека го  управувал под дејство на алкохол, односно иозмерени му се 2,13 промили алкохол во крвта. 

На 31.10.2025 во 06:35 часот, полициски службеници од Полициската станица за безбедност на патниот сообраќај Тетово го лишија од слобода Г.М.(53) од с.Волковија. На влез за с.Радиовце, тетовско, тој со возило „цитроен" со тетовски регистарски таблички, кое го управувал, излетал од коловозот, при што се здобил со телесни повреди констатирани во Клиничка болница Тетово. При преземање мерки во врска со незгодата констатирано е дека го управувал возилото под дејстов на алкохол, односно измерени му се 1,56 промили алкохол во крвта. 
Тие се задржан во полициска станица и по документирање на случаите против него ќе следува пријава по член 297-а од Кривичниот законик – „безобѕирно управување со моторно возило".

Ноќеска (01.11.2025) во 01:00 часот во СВР Скопје е пријавено дека на крстосница од ул.„Васко Карангелевски“ и ул.„1615“ во Скопје се случила сообрачајна несреќа помеѓу патничко возило „цитроен ц3“ со скопски регистарски ознаки, управувано од 27-годишната Р.М. од Скопје и патничко возило „фолксваген голф“ со скопски регистарски ознаки, управувано од К.К.(27) од Република Турција, со привремен престој во Скопје. Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил Б.О.(22) од Турција, сопатник во возилото „голф“, а со телесни повреди се здобил А.О.(22) од Турција, исто така, сопатник во возилото „голф“ и Р.М., констатирани во Општата Градската општа болница „Св.Наум Охридски“ Скопје и Комплекс клиники „Мајка Тереза“ Скопје. Извршен бил увид од увидна екипа од СВР Скопје, а возачот К.К. е лишен од слобода и во координација со јавен обвинител против него ќе биде поднесена кривична пријава по брза постапка по член 300 од Кривичниот законик.  – „тешки дела против безбедноста на луѓето и имотот во сообраќајот“.

Мени за пристапност