Со еден клик до сите услуги

https://uslugi.gov.mk/

Лишени од слобода возачи од Крива Паланка и струшко, управувале возила со двојно поголема брзина од дозволената

Лишени од слобода возачи од Крива Паланка и струшко, управувале возила со двојно поголема брзина од дозволената

На 17.01.2026 во 08:15 часот во ОВР Струга од слобода е лишен Н.Х.(44) од струшкото село Мислодежда. При контрола во патниот сообраќај извршена на магистралниот пат Охрид- Подмоље, во близина на струшкото село Мислешево, полициските службеници сопреле патничко возило „пежо“ со струшки регистарски ознаки, кое тој го управувал со брзина од 101 километри на час во населено место, каде дозволена брзина е 50 километри на час.

На 16.01.2026 во 15:45 часот, на магистралниот пат А2 Крива Паланка -Деве Баир,  полициски службеници од ОВР Крива Паланка  го лишија од слобода П.С.(25) од Крива Паланка. При радарска контрола, полициските службеници констатирале дека П.С. управувал патничко возило „бмв" со кривопаланечки регистарски ознаки со брзина од 103 километри на час во населено место, каде дозволена брзина е 50 километри на час.

По целосно документирање на случаите ќе бидат поднесена пријави по член 297-а од Кривичниот законик - „безобѕирно управување со моторно возило“.

Мени за пристапност