Со еден клик до сите услуги

https://uslugi.gov.mk/

Лишени од слобода три лица во Куманово, пронајдена дрога во возило кое го управувало лице со активна забрана

Лишени од слобода три лица во Куманово, пронајдена дрога во возило кое го управувало лице со активна забрана

На 18.03.2026 во 17:00 часот, полициски службеници од СВР Куманово ги лишиле од слобода В.В.(34), Р.М.(30) и В.Ј.(22), сите од Штип. При преглед на патничко моторно возило „ауди“, во кое се превезувале, биле пронајдени и одземени марихуана и бела прашкаста материја. Додека, по преземени мерки било утврдено дека возачот Р.М. има активна забрана за управување возило од Б категорија.

Тие биле приведени во полициска станица и по целосно документирање на случајот против нив ќе следуваат соодветни пријави.

Мени за пристапност