На 30.04.2026 во 17:10 часот, во Велес, полициски службеници од СВР Велес лишија од слобода 36-годишен велешанец, постапувајќи по претходна пријава дека и се заканувал на неговата 33-годишна вонбрачна партнерка пред домот каде таа престојувала, а истото се случило и неколку дена претходно. Известени се јавен обвинител и социјален работник и по документирање на настанот ќе биде поднесена соодветна пријава.
На 30.04.2026 во 00:22 часот во СВР Охрид е пријавено дека Х.В. од Охрид, во семејниот дом бил агресивен кон членови на неговото семејство. По целосно документирање на настанот, против него ќе биде поднесена соодветна пријава.
На 01.05.2026 во 00:10 часот во Свети Николе полициски службеници од ОВР Свети Николе го лишија од слобода Н.И.(27) по претходна пријава дека во домот физички ја нападнал неговата мајка. По целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок.
На 30.04.2026 во 13:00 часот во Тетово, полициски службеници од ПС Тетово го лишија од слобода Н.К. (39) од село во општина Боговиње. Претходниот ден во 15:30 часот, тој бил пријавен од неговата 41-годишна сопруга дека во нивниот стан физички ја нападнал. Тој е задржан во полициска станица и по документирање на случајот против него ќе следува соодветен поднесок.