Со еден клик до сите услуги

https://uslugi.gov.mk/

Лишени од слобода три лица поради обид за подигнување на кредит од банка со фалсификувана документација

Лишени од слобода три лица поради обид за подигнување на кредит од банка со фалсификувана документација

На 29.07.2026 од страна на полициски службеници од СВР Скопје, Единица за Економски и компјутерски криминал лишени од слобода се И.Т.(45), С.Т.(21) и П.П.(29) сите од Скопје, заради сторено кривично дело "фалсификување исправа" по член 378 и кривично дело "злоупотреба на лични податоци" од член 149, затоа што со фалсификувана лична карта со податоци на друго лице, и со фалсификувана кредитна документација, И.Т. помогнат од другите две лица, се обидел во една од банките во Скопје, да побара и да подигне кредит во износ од 900.000,00 денари.

Во моментот на процесуирање на фалсификуваната документација во банката, лицата се лишени од слобода и во координација со дежурен Јавен обвинител се изведени пред судија на претходна постапка.

 

Мени за пристапност