На 07.10.2025 во 21:45 часот во Штип, полициски службеници од СВР Штип го лишија од слобода Р.Ѓ.(58) од Штип. Претходно, околу 21:10 часот на крстосница од ул.„Борис Крајгер“ со ул.„Џемал Бједиќ“ во Штип со патничкото возило „ауди“ со штипски регистарски ознаки, кое го управувал, удрил во патничко возило „сеат“ со штипски регистарски ознаки, управувано од 21-годишната А.П. од Штип. Додека, при преземање мерки во врска со незгодата констатирано е дека тој е под дејство на алкохол, односно измерени му се 3,02 промили алкохол во крвта.
На 08.10.2025 во 01:45 часот на ул.„Леце Котески во Прилеп, полициски службеници од ОВР Прилеп го лишија од слобода Л.Т.(41) од с.Бегниште, кавадаречко. При контрола на патниот сообраќај, полициските службеници запреле патничко возило „форд” со кавадаречки регистарски ознаки, кое го управувал Л.Т., и по преземени мерки констатирано е дека е под дејство на алкохол, односно измерени му се 2,30 промили алкохол во крвта.
Тие се задржани во полициска станица и по целосно документирање на случаите против нив ќе бидат поднесени пријави по член 297-а – „безобѕирно управување со моторно возило“.