Со еден клик до сите услуги

https://uslugi.gov.mk/

Лишени од слобода шест возачи по член 297-а од Кривичниот законик, тројца во тетовско и гостиварско за управување возила со многу поголема брзина од дозволената

Лишени од слобода шест возачи по член 297-а од Кривичниот законик, тројца во тетовско и гостиварско за управување возила со многу поголема брзина од дозволената

На 23.10.2025 во 14:40, 14:45 и 15:23 часот на патот Гостивар-Тетово, полициски службеници од СВР Тетово и ОВР Гостивар ги лишија од слобода Ј.Љ. (35) од с.Желино, Х.Л. (58) од с.Равен, гостиварско и В.Б. (44) од Скопје. При контрола со радар констатирано е дека Ј.Љ. управувал патничко возило „мерцедес“ со тетовски регистарски ознаки со брзина од 162 километри на час надвор од населено место каде максимално дозволената брзина е ограничена на 80 километри на час, Х.Л. управувал патничко возило „фолксваген голф“ со гостиварски регистарски ознаки со брзина од 174 километри на час надвор од населено место каде максимално дозволена брзина е ограничена на 80 километри на час, додека В.Б. управувал патничко возило „тојота“ со скопски регистарски ознаки со брзина од 151 километри на час надвор од населено место каде максимално дозволената брзина е ограничена на 80 километри на час. 

 

На 23.10.2025 во 02:30 часот на бул. Октомвриска револуција“ во Куманово, полициски службеници од СВР Куманово го лишија од слобода Г.В. (41) од Куманово. При контрола во сообраќајот, полициските службеници запреле патничко возило „фолксваген голф“, кое го управувал Г.В. и при контрола констатирано е дека е под дејство на алкохол, односно измерени му се 1,55 промили алкохол во крвта. 

 

На 23.10.2025 околу 14:30 часот на локалниот пат с.Бунеш - с.Ратавица, пробиштипско, Г.Т. (64) од с.Ратавица, управувајќи трактор со штипски регистарски ознаки, изгубил контрола и со тракторот излетал од патот. Притоа, тој се здобил се повреди и е пренесен во Клиничка болница Штип. Додека, при преземање мерки во врска со незгодата, констатирано е дека тој го управувал тракторот под дејство на алкохол, односно измерени му се 2,49 промили  алкохол во крвта. 


На 23.10.2025 околу 16:30 часот во с.Злетово, пробиштипско, патничко возило „фолксваген голф“ со штипски регистарски ознаки, управувано од Г.М. (36) од с.Злетово, излетало од патот. Притоа, тој се здобил се повреди и е пренесен во Клиничка болница Штип. Додека, при преземање мерки во врска со незгодата, констатирано е дека тој го управувал возилото под дејство на алкохол, односно измерени му се 1,51 промили  алкохол во крвта. 

 

По целосно документирање на настаните, против нив ќе бидат поднесени пријави по член 297-а од Кривичниот законик - „безобѕирно управување со моторно возило“.

Мени за пристапност