Со еден клик до сите услуги

https://uslugi.gov.mk/

Лишени од слобода седум лица во Скопје, Прилеп и Боговиње, кај нив при преглед е пронајдена дрога

Лишени од слобода седум лица во Скопје, Прилеп и Боговиње, кај нив при преглед е пронајдена дрога

На 12.07.2026 во  Скопје, на различни локации, полициски службеници од СВР Скопје ги лишија од слобода А.И.(24), М.Ф.(28), М.К.(28) и Д.А. (18), сите од Скопје и Р.Ѓ.(20) од Гевгелија, затоа што кај нив се пронајдени марихуана и дробилка. 

На 12.07.2026 во 19:30 часот полициски службеници од ОВР Прилеп во населба „Точила“ во Прилеп го лишија од слобода Т.Т.(37) од Прилеп, бидејќи при преглед кај него била пронајдена марихуана. 

На 13.07.2026 во 02:45 часот, полициски службеници од Полициското одделение Камењане во с.Боговиње, го лишија од слобода Б.С. (24), со живеалиште во с.Требош. При преглед на патничко возило „голф“ со скопски регистерски ознаки, кај Б.С. се пронајдени и одземени марихуана и кафеава течност. 

По целосно документирање на случаите ќе следуваат соодветни поднесоци.

Мени за пристапност