Со еден клик до сите услуги

https://uslugi.gov.mk/

Лишени од слобода седум лица во акциска контрола на Мобилната единица при МВР, одземени три возила, изречени 16 мерки

Лишени од слобода седум лица во акциска контрола на Мобилната единица при МВР, одземени три возила, изречени 16 мерки

Во текот на 03/04.04.2026 година, во периодот од 22:00 до 04:00 часот, Мобилната единица за безбедност на сообраќајот на патиштата при Секторот за сообраќајни работи на подрачјето на општините Илинден, Бутел и Кисела Вода, спроведе засилена акциска контрола во патниот сообраќај.
При контролата санкционирани се тројца возачи кои управувале возило под дејство на алкохол, а додека шест возачи се санкционирани за останати сообраќајни прекршоци.

Седум лица се лишени од слобода и одземени се три возила за сторени кривични дела по член 297-а од Кривичниот законик – „безобѕирно управување со моторно возило“, односно пет лица од кои еден малолетник за управување на моторно возило без возачка дозвола, едно лице за управување на моторно возило со истечена возачката дозвола и едно лице за управување на возило под активна мерка забрана за управување.
По целосно документирање на случаите за сите сторители ќе бидат поднесени соодветни прекршочни и кривични пријави.

Акциските контроли ќе продолжат и во наредниот период со цел зголемување на безбедноста и заштита на учесниците во сообраќајот. Апелираме до сите учесници во сообраќајот да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи, со што заеднички ќе придонесеме за побезбедни патишта.

Мени за пристапност