На 09.01.2026 во 19:30 часот од страна на полициски службеници од ПС за ГН Охридско Езеро, во рамки на Регионален центар за гранични работи Запад лишени се од слобода Д.К. и Н.С., двајцата од с.Пештани, охридско.
При преземање на зајакнати мерки и контроли во водите на Охридското Езеро за време на мрест и забрана за лов на риба од видот пастрмка, белвица и јагула, од страна на полициските службеници во координација со рибочуварска служба, на 100 метри од брегот во с.Пештани затекнат е чамец во кој биле Д.К. и Н.С.. При извршениот преглед во пловниот објект пронајдени се шест рибарски мрежи со должина од околу 720 метри со улов од 585 парчиња риба белвица со вкупна тежина од 106,8кг.. Известен е јавен обвинител и по негови насоки лицата се лишени од слобода и донесени во ПС за ГН Охридско Езеро за понатамошна постапка.
Предметите и пловниот објект се одземени, а уловот по проценка од стручни лица од Хидробиолошки завод Охрид утврдено е дека е во фаза на расипување и по насоки од инспектор од Агенција за храна и ветеринарство е предаден на Здружение на ловци Охрид, каде со полициско присуство, на соодветно место е уништен.