Со еден клик до сите услуги

https://uslugi.gov.mk/

Лишени од слобода пет лица за семејно насилство, вкупно пет пријави во Скопје, тетовско, Охрид, кичевско и Велес во последното деноноќие

Лишени од слобода пет лица за семејно насилство, вкупно пет пријави во Скопје, тетовско, Охрид, кичевско и Велес во последното деноноќие

На 26.03.2026 околу 21:40 часот во СВР Скопје, 23-годишен маж пријави дека околу 19:30 часот во дворот од семејниот дом на подрачјето на Бит Пазар бил физички нападнат од неговиот татко С.М., неговиот чичко Б.М. и неговите братучеди С.М. и Ф.М., кои употребиле и тврди предмети.

На 26.03.2026 во 12:15 часот во тетовско село, полициски службеници од Полициското одделение Жеровјане го лишиле од слобода Ш.Б.(31), постапувајќи по претходна пријава дека околу 11:45 часот физички ја нападнал неговата 54-годишна мајка и нејзиниот сопруг, кој се обидел да ја заштити, при што им се заканил и со остар предмет.

На 26.03.2026 во 15:00 часот во Охрид, полициски службеници од СВР Охрид го лишија од слобода Н.С.(44) од охридско, постапувајќи по претходна пријава дека околу 13:30 часот во семејниот дом физички го нападнал неговиот 20-годишен син.

 На 26.03.2026 во 16:20 часот во кичевско село, полициски службеници од ОВР Кичево ја лишија од слобода В.В. (51) од селото. Преходно, во семејниот дом, по кратка расправија, таа била физички нападната од нејзиниот 65-годишен сопруг, кој употребил и тврд предмет, а потоа таа му возвратила со истиот предмет и му нанела повреди.

На 26.03.2026 во 19:50 часот во Велес, полициски службеници од СВР Велес лишија од слобода 30-годишен велешанец и неговиот 58-годишен татко, постапувајќи по претходна пријава дека на ул.„Луј Пастер“ во Велес физички се пресметале. По преземени мерки било констатирано дека тие биле под дејство на алкохол, односно кај 30-годишникот биле измерени 3,62 промили алкохол во крвта, а кај неговиот татко биле измерени 1,31 промили алкохол во крвта.

Тие биле задржани во полициска станица и известен бил јавен обвинител. Се преземаат мерки за расчистување на случаите и по нивно целосно документирање против сторителите ќе бидат поднесени соодветни пријави.

Мени за пристапност