Во текот на изминатото деноноќие на целата територија на државата, полициските службеници лишија од слобода осум возачи за безобѕирно управување возило, од кои пет возеле без возачка дозвола (четворица во Скопје, и еден во село Горно Јаболчиште, општина Чашка, велешко), тројца под дејство на алкохол (по еден во Прилеп, Валандово и Кавадарци). По целосно документирање на случаите ќе бидат поднесени соодветни кривични пријави.
Апелираме до сите учесници во сообраќајот да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи, да не управуваат возило без положен возачки испит или доколку имаат изречена мерка за забрана за управување или доколку се под дејство на алкохол и сите заеднички да придонесеме за побезбеден сообраќај.