На 26.12.2025 во 09:30 часот, полициски службеници од СВР Куманово го лишија од слобода А.Р.(45) од с.Ропаљце, општина Ликово. При сообраќајна контрола на магистралниот пат Куманово - Крива Паланка, констатирано е дека управувал патничко возило „фолксваген голф“ со кумановски регистарски ознаки со брзина од 157 километри на час на место каде максималната дозволена брзина е 80 километри на час.
На 27.12.2025.во 03:00 часот во Кичево, полициски службеници од ОВР Кичево го лишија од слобода Д.Д.(37) од с.Другово, кичевско. При сообраќајна контрола на ул.„Арсо Војвода“ во Кичево е сопрено патничко возило „хонда“ со кичевски регистарски ознаки, кое го управувал и по преземени мерки е констатирано дека е под дејство на алкохол, односно измерени му се 1,79 промили алкохол во крвта.
На 27.12.2025 во 03:00 часот во Кавадарци, полициски службеници од ОВР Кавадарци го лишија од слобода Ј.М.(23) од с.Ваташа, кавадаречко. При сообраќајна контрола на ул.„7 Септември“ во Кавадарци е сопрено патничко возило „шкода“ со кумановски регистарски ознаки, кое го управувал и по преземени мерки е констатирано дека е под дејство на алкохол, односно измерени му се 1,77 промили алкохол во крвта.
На 27.12.2025 во 02:16 часот во Куманово, полициски службеници од СВР Куманово го лишија од слобода И.Ц.(47) од Куманово. При сообраќајна контрола на ул.„Народна револуција“ во Куманово е сопрено патничко возило „пежо“ со кумановски регистарски ознаки, кое го управувал и по преземени мерки е констатирано дека е под дејство на алкохол, односно измерени му се 1,82 промили алкохол во крвта.
На 27.12.2025 во 02:10 часот на автопатот А1 , на клучка Каласлари, велешко, полициски службеници од СВР Велес го лишија од слобода З.Д.(42) од с.Долно Каласлари. При сообраќајна контрола е сопрено патничко возило „фолксваген голф“ со велешки регистарски ознаки, кое го управувал и по преземени мерки е констатирано дека е под дејство на алкохол, односно измерени му се 2,57 промили алкохол во крвта.
На 26.12.2025 во 22:34 часот во Валандово, полициски службеници од ОВР Валандово го лишија од слобода Н.С.(68) од Скопје. При сообраќајна контрола на ул.„Вардарска“ во Валандово е сопрено патничко возило „форд“ со скопски регистарски ознаки, кое го управувал и по преземени мерки е констатирано дека е под дејство на алкохол, односно измерени му се 1,62 промили алкохол во крвта.
На 26.12.2025 во 20:20 часот, полициски службеници од СВР Велес го лишија од слобода М.Ј.(59) од село Раштани, велешко. Претходно, на улица „Раштански пат“ во Велес, управувајќи мопед „томос“ без регистарски ознаки, тој изгубил конотрола и паднал на коловозот. При преземање мерки во врска со незгодата, констатирано е дека М.Ј. го управувал возило под дејство на алкохол, односно дека има 2,87 промили алкохол во крвта.
На 26.12.2025 во 21:50 часот, полициски службеници од СВР Велес го лишија од слобода Б.Н.(27) од Чашка. Претходно, на регионалниот пат Велес - село Извор, тој со патничко возило „бмв“ со штипски регистартски ознаки, кое го управувал, излетал надвор од патот. При преземање мерки во врска со незгодата, констатирано е дека Б.Н. го управувал возило под дејство на алкохол, односно дека има 3,01 промили алкохол во крвта.
По целосно документирање на случаите против нив ќе биде поднесена пријава по член 297-а од Кривичниот законик - „безобѕирно управување со моторно возило“.