Со еден клик до сите услуги

https://uslugi.gov.mk/

Лишени од слобода осум лица во Скопје, Неготино , Кавадарци, гевгелиско и Гостивар, кај нив се пронајдени марихуана и бела прашкаста материја

Лишени од слобода осум лица во Скопје, Неготино , Кавадарци, гевгелиско и Гостивар, кај нив се пронајдени марихуана и бела прашкаста материја

На 07.03.2026 во Скопје, на различни локациии, полициски службеници од СВР Скопје ги лишија од слобода В.Н.(20) и Н.С.(44) од Куманово затоа што кај нив е пронајдена и одземена марихуана. 
На 08.03.2026 во 01:00 часот во Неготино, полициски службеници од ОВР Неготино го лишија од слобода А.Ј.(24) од Неготино затоа што кај него е пронајдена и одземена бела прашкаста материја. 
На 07.03.2026 во 18:30 часот во Кавадарци, полициски службеници од ОВР Кавадарци го лишија од слобода Б.К.(31) од село Ваташа, кавадаречко, затоа што при преглед на патничко возило „пежо“ со кавадаречки регистарски ознаки, кое го тој го управувал, пронајдена и одземена е бела прашкаста материја. 

Ноќеска (08.03.2026) во 01:10 часот во село Миравци, гевгелиско, полициски службеници од СВР Струмица-ОВР Гевгелија ги лишија од слобода М.С.(40) и В.С.(41) и двајцата од Куманово. При преглед на патничко возило „цитроен“ со кумановски регистарски ознаки, управувано од М.С., а во кое сопатничка била В.С., пронајдена е марихуана. 

На 07.03.2026 во 21:45 часот во село Миравци, гевгелиско, полициски службеници од СВР Струмица-ОВР Гевгелија го лишија од слобода О.В.(55) од Струмица. При преглед на патничко возило „фолксфаген“ со скопски регистарски ознаки, кое го управувал, пронајдена е марихуана и предмет со остатоци од марихуана. 
На 08.03.2026 во 01:00 часот на ул.„18 Ноември“ во Гостивар, полициски службеници од ОВР Гостивар го лишија од слобода Б.Х.(25) од Гостивар затоа што кај него е пронајдена и одземена марихуана. 

Лицата се задржани во полициска станица и по целосно документирање на случаите ќе следуваат соодветни поднесоци.

Мени за пристапност