Со еден клик до сите услуги

https://uslugi.gov.mk/

Лишени од слобода лица во Неготино и Кавадарци, управувале возила под дејство на алкохол

Лишени од слобода лица во Неготино и Кавадарци, управувале возила под дејство на алкохол

На 06.07.2025 во 21.40 часот на булевар „Маршал Тито“ во Неготино, полициски службеници од ОВР Неготино го лишија од слобода М.М.(65) од Кавадарци. При сообраќајна контрола, сопрено е патничко возило „пежо“ со кавадаречки регистарски ознаки, што го управувал М.М. и по преземени мерки, констатирано е дека е под дејство на алкохол, односно измерени му се 1.81 промили алкохол во крвта. 

 
На 07.07.2025 во 01.10 часот на улица „Западен булевар“ во Кавадарци, полициски службеници од ОВР Кавадарци го лишија од слобода Т.М.(34) од Кавадарци. При сообраќајна контрола, сопрено е патничко возило „опел“ со кавадаречки регистарски ознаки, што го управувал Т.М. и по преземени мерки, констатирано е дека е под дејство на алкохол, односно измерени му се 1.95 промили алкохол во крвта. По документирање на настаните, против лицата ќе бидат поднесени пријави по член 297-а од Кривичниот законик „безобѕирно управување со моторно возило“.

Мени за пристапност