Со еден клик до сите услуги

https://uslugi.gov.mk/

Лишени од слобода крадци во Куманово, следува пријава

Лишени од слобода крадци во Куманово, следува пријава

На 18.09.2026 во 21:35 часот во Куманово, полициски службеници од СВР Куманово во координација со Одделот за криминалистичка полиција- Сектор за општ и насилен криминал ги лишија од слобода С.С. (39) и Е.Ш. (26), двајцата од Куманово. Тие се сомничат дека на 04.09.2026 со употреба на сила влегле во деловен објект на улицата „Доне Божинов“ во Куманово и одзеле пари. С.С. и Е.Ш. се приведени во полициска станица и по целосно документирање на случајот, против нив ќе следуваат соодветни пријави.

 

Мени за пристапност