На 05.11.2026 во 16:30 часот на ул.„Финска“ во Скопје во угостителски објект полициски службеници од Единицата за интервентна полиција при СВР Скопје, го лишија од слобода Е.О.(37) од Скопје поради постоење основи на сомнение за сторено дело по член 396 од Кривичниот законик. При преглед кај него бил пронајден и одземен пиштол.
Исто така во текот на вчерашниот ден полициски службеници од СВР Скопје на подрачје на Центар го лишија од слобода З.И.(64) од Скопје, постапувајќи по претходна пријава дека со огнено оружје упатувал закани кон едно лице. По извршени проверки и при преглед на теренот бил пронајден и одземен пиштол и рамка со куршуми, додека при преглед на патничко возило „форд“ биле пронајдени и одземени дополнителна рамка за пиштол и куршуми.
По целосно документирање на случаите ќе следуваат соодветни пријави.