На 18.09.2025 во 20:40 часот, во населба Превалец, Велес, полициски службеници од СВР Велес ги лишија од слобода В.Д.(45) од Виница и З.Н.(48) од Штип.
При контрола на патничко возило „шевролет“ со винички регистарски ознаки, управувано од В.Д. а сопатник бил З.Н., била пронајдена пушка-артефакт, која претставува културно наследство, како и над 300 парчиња муниција, кои В.Д. ги поседувал без соодветна документација.
Исто така, во возилото е пронајден разновиден алат. В.Д. и З.Н. се задржани во полициска станица, известен е јавен обвинител и по документирање на настанот, против нив ќе бидат поднесени соодветни пријави.