Со еден клик до сите услуги

https://uslugi.gov.mk/

Лишени од слобода две лица во Тетово и Гостивар, кај нив се пронајдени пиротехнички средства и други предмети, следуваат соодветни пријави

Лишени од слобода две лица во Тетово и Гостивар, кај нив се пронајдени пиротехнички средства и други предмети, следуваат соодветни пријави

На 23.12.2025 во 14:20 часот на ул.„Илинденска“ во Тетово, полициски службеници од СВР Тетово го лишија од слобода А.З.(52) од Тетово. При извршена контрола во неговиот продажен објект, биле пронајдени и одземени 12.507 разновидни пиротехнички средства, за кои не поседувал никакви документи. Исто така, во 16:30 часот полициски службеници од ОВР Гостивар, кај Градскиот пазар во Гостивар, го лишија од слобода Ј.М.(64) од Тетово затоа што бил затекнат како врши продажба на остри предмети, а при преглед во неговото товарно возило ,,форд“ со тетовски регистерски таблички биле пронајдени и одземени 2053 парчиња разновидни пиротехнички средства, разновидни ножеви и метални боксирачи. По целосно документирање на случаите, против нив ќе бидат поднесени соодветни пријави по член 395 и член 396 од Кривичниот законик.

Мени за пристапност