На 28.07.2025 во 16.45 часот во с.Ѓермо, тетовско, полициски службеници од СВР Тетово ги лишиле од слобода СЈ.С.(34) и Т.Б.(37), двајцата од с.Сараќино, тетовско. Тие биле затекнати од вработени во ЈП „Национални шуми“ при сеча на огревно дрво без соодветна дозвола. Тие биле задржани во полициска станица и по документирање на случајот против нив ќе биде поднесена соодветна пријава по член 235 од Кривичниот законик и член 57 од Законот за шуми.