Со еден клик до сите услуги

https://uslugi.gov.mk/

Лишени од слобода две лица од Куманово, физички нападнале и ограбиле повозрасен маж и се обиделе да го принудат да земе брз кредит од финансиско друштво

Лишени од слобода две лица од Куманово, физички нападнале и ограбиле повозрасен маж и се обиделе да го принудат да земе брз кредит од финансиско друштво

На 22.10.2026 во Куманово, полициски службеници од СВР Куманово ги лишија од слобода 45 - годишната С.Б. и Р.Т.(52) од Куманово.

Според пријавеното, С.Б. измамила и повикала во својот дом 64-годишен маж наводно за да ѝ помогне да купи мобилен телефон, а кога пристигнале во дворот Р.Т. физички го нападнал, а таа му одзела пари и телефон . 

Како што е пријавено, после тоа го принудиле да отиде во финансиско друштво за да подигне брз кредит, но тој успеал да ѝ сигнализира на вработената дека е принуден да го прави тоа, по што повикала полиција. Двајцата биле приведени во полициска станица и по целосно документирање на случајот против нив ќе следува соодветна пријава.

Мени за пристапност