Со еден клик до сите услуги

https://uslugi.gov.mk/

Лишени од слобода двајца криумчари, спречени два обиди за криумчарење на мигранти, следуваат соодветни пријави

Лишени од слобода двајца криумчари, спречени два обиди за криумчарење на мигранти, следуваат соодветни пријави

На 21.07.2026 во 12:25 часот на ул.„Партизански одреди“ во Гевгелија, полициски службеници од Полициската станица за граничен премин и граничен надзор Богородица го лишиле од слобода С.С.(35) од Струмица поради сомнение за сторени кривични дела „криумчарење на мигранти“ и „фалсификување на исправа“. Имено, пријавениот бил затекнат како управува патничко возило „ауди а5“ со кавадаречки регистарски таблички , кои припаѓале на друго патничко возило, а при контрола на возилото биле пронајдени пет лица мигранти од Авганистан и албански регистарски таблички, сообраќајна дозвола, зелен кратон и договор за изнајмување на возило од рент а кар компанија. За настано бил известен е јавен обвинител, а лицето било задржано во полициска станица.

На 21.07.2026 во 17:50 часот на експресен пат Градско - Прилеп, полициски службеници од Полициската станица за граничен надзор Михајлово и од СВР Велес дале знак за запирање на патничко возило „мерцедес“ со скопски регистарски ознаки, во кое биле превезувани мигранти, но возилото продолжило со движење и кај клучка Крушевица изгубило контрола и удрило во банкините од патот, по што возачот и мигрантите го напуштиле местото и возилото. Набргу, во близина на местото биле пронајдени две лица мигранти од Пакистан, кои имале телесни повреди и биле пренесени во болницата во кавадарци, каде им била укажана помош, а потоа биле спроведени во Прифатен центар за странци Гази Баба. По преземени мерки, на 22.07.2026 во 01:00 часот на експресен пат Прилеп - Градско, кај клучка Крушевица, полициски службеници од Полициската станица за граничен надзор Михајлово извршиле контрола на патничко возило „голксваген голф“ со скопски регистарски ознаки, управувано од А.М.(30) од Скопје, а сопатник бил И.Н.(34) од Скопје, со живеалиште во с.Крушопек, скопско. Поради основано сомнение дека е сторител на делото, од слобода бил лишен И.Н.. Тој бил предаден во полициска стнаица По целосно документирање на случаите, против двајцата ќе бидат поднесени соодветни пријава.

Мени за пристапност