Со еден клик до сите услуги

https://uslugi.gov.mk/

Лишени од слобода двајца крадци од Битола, украденото е вратено на сопственикот, а едниот од нив е вратен во Затвор Прилеп, каде што издржувал затворска казна

Лишени од слобода двајца крадци од Битола, украденото е вратено на сопственикот, а едниот од нив е вратен во Затвор Прилеп, каде што издржувал затворска казна

На  24.07.2026 во Битола, полициски службеници од СВР Битола ги лишија од слобода  Ѓ.З.(35) и А.Ј.(29), двајцата од Битола. Тие се сомничат дека истиот ден  извршиле тешка кражба во маркет на ул.„Север-југ" во Битола, при што украле околу 30 штеки различни цигари. При претрес во домот, кој го користеле, било пронајдено украденото и било вратено на сопственикот.

По дополнително преземени мерки било констатирано дека Ѓ.З. бил баран по потерница поради бегство од Казнено - поправната установа Затвор Прилеп, од каде понегнал и каде што издржувал затворска казна. Тој бил спроведен во установата за  издржување на казна затвор од осум месеци. По документирање на настанот ќе следуваат соодветни поднесоци.

Мени за пристапност