Со еден клик до сите услуги

https://uslugi.gov.mk/

Лишени од слобода девет возачи за безобѕирно управување возило, седум возеле без дозвола, од кои еден малолетник, а двајца под дејство на алкохол

Лишени од слобода девет возачи за безобѕирно управување возило, седум возеле без дозвола, од кои еден малолетник, а двајца под дејство на алкохол

Во текот на изминатото деноноќие на целата територија на државата, полициските службеници лишија од слобода девет возачи за безобѕирно управување возило. Од нив седум управувале возило без возачка дозвола, од кои еден малолетник, а двајца под дејство на алкохол. По двајца возачи во Скопје и Тетово (еден малолетник) и по еден возач во Велес, Делчево и Кавадарци возеле без возачка дозвола.    
По еден возач во Тетово и Куманово управувале возило под дејство на алкохол. По целосно документирање на случаите ќе бидат поднесени соодветни кривични пријави.

Апелираме до сите учесници во сообраќајот да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи, да не управуваат возило без положен возачки испит или доколку имаат изречена мерка за забрана за управување или доколку се под дејство на алкохол и сите заеднички да придонесеме за побезбеден сообраќај.

Мени за пристапност